GARENTA ULAŞIM ÇÖZÜMLERİ ANONİM ŞİRKETİ
ИНФОРМАТИВЕН ТЕКСТ ЗА КЛИЕНТИТЕ
1. КОНТРОЛОР НА ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци како контролор на податоци, може да бидат обработени од страна на Garenta Ulaşım Çözümleri Anonim Şirketi (“Компанијата”) во рамките кои се опишани подолу, во согласност со Законот бр. 6698 за заштита на личните податоци (“Закон”).
Физичкото лице чии лични податоци се обработуваат во рамките на пристапот до www.garenta.com и апликацијата Garenta app (“веб-страница”), е заинтересирано лице.
2. ЦЕЛ НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во случај ако Вие, како заинтересирано лице, само пристапувате на веб-страницата, се обработува информација за IP-адресата, други податоци кои се поврзани со оваа информација, и информација за колачињата, и оваа информација се обработува во согласност со општите принципи кои се предвидени во Законот за обработка на оваа информација, заради обезбедување на усогласеност со законодавството на активностите кои ги врши Компанијата (почитување на обврските за чување, известување и информирање кои се предвидени од страна на официјалните институции) и вршење на аналитички истражувања (активности кои можат да се преземат за подобрување на квалитетот на услугите и производите).
Во случај ако Вие, како заинтересирано лице, пополнувате формулар или формулари кои се објавени на веб-страницата, покрај горенаведените лични податоци и цели за обработка на личните податоци, се обработува име и презиме, даночен идентификациски број, информации за град и општина, тековен број на возила во институцијата и побаран број на возила, рок, телефонски број, адреса на електронска пошта и Ваша порака.
Покрај тоа, во случај на пополнување на формуларот за членство на веб-страницата, се обработуваат информации за датум на раѓање, пол, информации за возачка дозвола (број на возачка дозвола, категорија на возачка дозвола, место на издавање на возачка дозвола, датум на издавање на возачка дозвола), пол, број на лична карта на Република Турција, информации за кредитна картичка и Findeks при трансакции за резервација.
Во случај ако Вие, како заинтересирано лице, пополнувате формулар за апликација за застапништво, се обработува име и презиме на сопственикот или овластеното лице на фирмата, телефонски број и адреса на електронска пошта.
Информација за дозволата, исто така, се обработува кај заинтересираните лица кои даваат дозвола за комерцијална електронска комуникација. Обработката на целата оваа информација се врши во согласност со општите принципи кои се предвидени во Законот, за исполнување на законските обврски, обезбедување на управување со организацијата и настанот, вршење на процеси на продажба на стоки/услуги и постпродажно сервисирање, процеси на маркетинг на производи/услуги и процеси на комуникациски активности. Покрај тоа, во случај ако ја користите услугата за изнајмување возило во нашата компанија или кај овластени застапници, Вашите лични податоци можат да бидат обработени и зачувани во нашата компанија, доколку се претпоставува дека овој настан може да претставува ризик за идни изнајмувања, како резултат на негативни настани кои настанале за време на изнајмувањето (измама, злоупотреба на доверба, кражба, шверц, возење во пијана состојба, користење на возилото од страна на друго лице).
Детални информации во врска со целите на обработка на Вашите лични податоци од страна на нашата Компанија се содржани во Политиката за заштита и обработка на лични податоци на Garenta Ulaşım Çözümleri Anonim Şirketi, која е достапна на адресата https://www.garenta.com/mk/agreements/personalDataProtection.
3. СТРАНИ НА КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ЦЕЛИ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ
Вашите лични податоци кои се обработуваат, во согласност со општите принципи кои се предвидени во Законот, и во рамките на условите за обработка на лични податоци кои се наведени во членовите 8 и 9 од Законот, ограничувајќи се на целите на обезбедување на управување со организацијата и настанот кој го спроведува Компанијата, извршување на активностите во согласност со законодавството, процесите на анализи на маркетингот, процесите на продажба на стоки/услуги и постпродажна поддршка, процесите на маркетинг на производи/услуги, процесите на комуникациски активности и процесите на обезбедување на информациска безбедност, можат да бидат пренесени на деловните партнери на Компанијата (деловен партнер кој дава услуги на кол-центар, деловен партнер кој спроведува анкета за задоволство, деловни партнери кои даваат услуги во областа на софтвер и информатичка технологија, трети лица од кои Компанијата добива услуги кои се поврзани со маркетингот и управувањето со односите со клиентите, и на други наши деловни партнери од кои можеме да добиваме услуги во рамките на процесот), AG Anadolu Grubu Holding A.Ş. и на нејзините Компании, акционерите и подружниците на Компанијата, овластените застапници на Компанијата кои склучиле договор за овластено застапништво со Компанијата, овластени државни институции и организации во согласност со законот, административни органи, лица и организации на кои им е дозволено со важечкото законодавство, банкарски и финансиски институции. Покрај тоа, за Заинтересираните лица кои изнајмуваат автомобили, информацијата се пренесува до Главната управа за безбедност. Во случај на давање на дозвола за комерцијална електронска комуникација од страна на Заинтересираното лице, неговата информација ќе биде пренесена до IYS A.Ş. во ограничен обем.
4. МЕТОД И ПРАВЕН ОСНОВ ЗА СОБИРАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци можат да бидат добиени од страна на Компанијата за целите кои се наведени погоре, целосно или делумно автоматизирани начини или неавтоматизирани начини, под услов да се дел од системот за евиденција на податоци. Соодветно на тоа, во случај на користење на веб-страницата, тие можат да бидат собрани преку Интернет, колачиња, онлајн-формулари во електронска средина (формулар за нов член, формулар за туристички агенции, формулар за корпоративно изнајмување автомобил, формулар за апликација за застапништво, формулар “Пишете ни”).
Вашите лични податоци кои се обработуваат можат да бидат обработени и пренесени за целите кои се наведени во овој Информативен текст, врз основа на условите за обработка на лични податоци во согласност со членовите 5 и 6 од Законот и со правните основи, чии детали се наведени подолу.
Во случај ако Вие, како заинтересирано лице, само пристапувате на веб-страницата,
врз основа на член 5/2-б од Законот, постоење на јасна одредба во законите (Законот бр. 5651 за регулирање на публикациите кои се спроведуваат на Интернет, и борба против кривичните дела кои се сторени преку овие публикации),
врз основа на член 5/2-ç од Законот, обврска за контролорот на податоци да ги исполни своите законски обврски (Закон бр. 5651 за регулирање на публикациите кои се спроведуваат на Интернет, и борба против кривичните дела кои се сторени преку овие публикации, Закон бр. 6563 за регулирање на електронската трговија, Правилник за комерцијална комуникација и комерцијални електронски пораки и соодветното законодавство),
врз основа на член 5/2-f од Законот, поради легитимен интерес на контролорот на податоци.
Во случај ако Вие, како заинтересирано лице, пристапувате на веб-страницата и во зависност од природата на формуларот кој го пополнувате, покрај правните основи кои се наведени погоре и кои се променливи,
врз основа на член 5/1 од Законот, постоење на изречна согласност во случаите кога заинтересираното лице дава изречна согласност,
врз основа на член 5/2-c од Законот, потребата од обработка на лични податоци кои им припаѓаат на страните на договорот, под услов да е директно поврзано со склучување или исполнување на договорот,
врз основа на член 5/2-б од Законот, постоење на јасна одредба во законите (Закон бр. 1774 за идентификација, кој важи за Заинтересираните лица кои изнајмуваат автомобили),
врз основа на член 5/2-d од Законот, обезбедување на пристап до информациите од страна на заинтересираното лице,
врз основа на наведените причини.
5. ВАШИТЕ ПРАВА КОИ СЕ НАВЕДЕНИ ВО ЧЛЕН 11 ОД ЗАКОНОТ, КАКО ЗАИНТЕРЕСИРАНО ЛИЦЕ
Ве известуваме дека како заинтересирано лице ги имате следните права во согласност со член 11 од Законот:
Да дознаете дали Вашите лични податоци се обработуваат, и да побарате информација за тоа, доколку биле обработени,
Да ја дознаете целта на обработка на Вашите лични податоци и дали тие се користат во согласност со таа цел,
Да ги дознаете третите лица на кои им се пренесуваат Вашите лични податоци во земјата или во странство,
Да побарате исправка на Вашите лични податоци, доколку тие биле обработени нецелосно или неточно, и да побарате известување на третите лица на кои им биле пренесени Вашите лични податоци, за трансакцијата која е спроведена во тој обем,
Да побарате бришење или уништување на Вашите лични податоци во случај на исчезнување на причините кои бараат нивна обработка, и покрај тоа што тие биле обработени во согласност со Законот и со соодветните одредби од други закони, и да побарате известување на третите лица на кои им биле пренесени Вашите лични податоци, за трансакцијата која е спроведена во тој обем,
Да приговарате на резултатот кој настанал против Вас, со анализирање на обработените податоци исклучиво со помош на автоматизирани системи,
Во случај ако сте претрпеле штета поради незаконска обработка на Вашите лични податоци, да побарате надомест на штетата.
Вашите барања кои се однесуваат на Вашите права кои се наведени погоре, можете да ги пренесете до нашата Компанија, со пополнување на Формуларот за апликација на заинтересирано лице на Garenta Ulaşım Çözümleri Anonim Şirketi, кој може да го најдете на адресата https://images.garenta.com/tr/Garenta-Ilgili-Kisi-Basvuru-Formu.pdf, или во согласност со Коминикето за постапките и принципите на поднесување барање до Контролорот на податоци. Вашите барања ќе бидат бесплатно разгледани во најкраток можен рок и најдоцна во рок од триесет дена во зависност од природата на Вашето барање; меѓутоа, доколку трансакцијата бара дополнителни трошоци, од Вас може да биде наплатена надокнада во согласност со тарифата која ќе ја утврди Советот за заштита на лични податоци.